Палетите на осум македонски уметници на изложба во МКЦ

Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба „Палетите на македонските уметници“ - проект на проф. Д-р Кирил Пенушлиски.
Првпат на едно место ќе бидат изложени палетите на осум македонски уметници, меѓу кои и на двајца основоположници на модерната македонска уметност: Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Васко Ташковски, Илија Пенушлиски, Рубенс Корубин, Миле Корубин, Иван Велков и Глигор Чемерски. Некои од палетите се чуваат во Националната галерија на Македонија, а другите се во приватни колекции.
На изложбата ќе бидат претставени работни масички, четкички, фотографии од ателјеа, штафелаи и канти и туби со боја, а секој уметник е застапен и барем со едно дело, кое директно може да се поврзе со изложената палета.
- Сите палети претставуваат физички запис на креативниот процес на уметникот. Тие овозможуваат еден поглед во неговото ателје, во магичниот процес на креирање уметнички дела и даваат увид во техниката на уметникот. Поради сето ова, палетата ја надминува едноставната дефиниција за штица каде што се припрема бојата пред таа да се нанесе на платното, истакнува авторот на проектот.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
