Концерт по повод 51 роденден на Факултетот за музичка уметност-Скопје

Свечениот концерт по повод денот на основањето на Факултетот за музичка уметност-Скопје вечер ќе се одржи на големата сцена на Македонската филхармонија.
Студентите на Факултетот за музичка уметност–Скопје имаат подготвено атрактивна програма составена од ремек делата на класичниот музички репертоар. Тие првпат тие ќе настапат во големата сала на новата зграда на Македонската филхармонија.
Симфонискиот оркестар и хорот „Драган Шуплевски“ под диригентската палка на Сашо Татарчевски ќе изведат значајни дела од великаните на музичката уметност: Увертирата за операта „Сицилијански вечери“ од Џузепе Верди, прочуената Симфонија бр. 8 „Недовршена“ од Франц Шуберт и брилијантните „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Александар Бородин.
Факултетот за музичка уметност - Скопје е јавна високообразовна установа во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која преку својата високообразовна дејност директно влијае врз развојот на македонската култура и уметност. Почнувајќи од 1966 година оваа институција, покрај високообразвоната, врши и научно-истражувачка, уметничка и применувачка дејност од областа на музичката уметност. Факултетот денес има пет катедри, но и студиски програми за постдипломски студии. Во текот на изминативе години од Факултетот за музичка уметност излегле над 2.000 дипломирани студенти, над 400 магистранти и дваесетина докторанти.
Почетокот на концертот е во 20 часот и влезот е слободен.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
