-->
-->
Уапсени осум осомничени за убиството на малтешката новинарка Дафне Галиција
-->
Малтешката полиција уапсила осум осомничени за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, соопшти премиерот на Малта, Џозеф Мускат.
Апсењата се извршени речиси два месеци откако новнарката беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил.
Сите уапсени се државјани на Малта и повеќето имаат криминално досие, изјави Мускат без да соопшти други детали.
Полицијата има рок од 48 часа за распит на осомничените по што треба да покрене обвиненија или да ги ослободи.
Каруана Галиција (53) беше убиена на 16 октомври. Таа водеше многу популарен блог на кој постојано објавуваше за можни случаи на корупција на високи политичари, без разлика на нивната партиска припадност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице