-->
-->
За цените на користење на Арената „Филип Втори“ ќе се одлучува на Влада
-->

По реакциите во дел од медиумите околу цената за користење на услугите на Националната арена Филип Втори, денеска од АДСДП соопштија дека одлуката за преиспитување на цените е испратена во Владата и дека по донесувањето на конечно решение ќе се формираат новите тарифи.
- Со цел да се информира целокупната македонска јавност, а во врска со ценовникот за користење на услугите на Националната арена Филип Втори должни сме да Ве известиме дека Одборот на Директори на Акционерското друштво веќе усвои заклучок за преиспитување на цените уште на почетокот на ноември. Оваа одлука на Одборот на директори е доставена до Владата на Република Македонија така што прашањето околу утврдување на цените, Владата ќе го разгледува на седница на Генерален колегиум на 06.12.2017 година, стои во дел од соопштението.
По конечно одлучување од страна на Владата на РМ, сите засегнати субјекти за користење на Националната Арена ќе бидат уредно известени за цените на Арената и сите досега настанати недоразбирања околу ценовникот заеднички ќе бидат надминати, велат од АДСДП.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
