Се разведуваат Бекамови: Пука бракот од 700 милиони

Најпознатата брачна двојка на светот Дејвид и Викторија Бекам можеби се наоѓа пред развод. Медиумите на Островот на големо пишуваа за кавгата на поранешниот фудбалер и пејачката, а причини за тоа има наводно - милион.
Се почна кога Викторија ги отстрани сите тетоважи посветени на Дејвид. Кратко потоа, по журката во бутикот на Викторија во Лондон, брачната двојка се скарала, а потоа познатиот фудбалер во алкохолизирана состојба ја пикнал сопругата во автомобилот. Вчера од Англија стигна и нов аргумент. Поранешниот фудбалер купил куќа во Мајами, каде планира да работи во клубот кој настапаува во американската фудбалска лига. За тоа време, познатата дизајнерка останува во Лондон со децата, зошто нема намера да се пресели во САД.
Поранешната пејчака од групата Спајс грлс во едно интервју ги отфрли наводите за можен развод.
-Никогаш во јавност нема да го коментирам мојот приватен живот. Дејвид и јас нема што да докажуваме, се грижиме еден за друг, како и за нашите деца, изјави Викторија и очигледно не ги убеди медиумите на Островот.
Изјавата на Дејвид беше уште поумерена.
-Децата ни се приоритет, но и ние возрасните треба да најдеме време за нас. Имаме многу обврски, но важно ни е децата да имаат семејство, порача неодамна Бекам.
Интересно е што Бекамови имаат заедничко богатство кое е проценето дури на 700 милиони евра. Кого поскапо ќе го чини разводот, останува да се види.
Заедно се 16 години
- Децата на Бекамови имаат свои брендови и веќе по неколку милиони евра
-Бекамови заработуваат повеќе и од кралицата Елизабета, која годишно има приходи „само“ од 15 милиони евра
-Палатата која ја купија пред 14 години за два милиони фунти, Бекамови неодамна ја продадоа за 12 милиони фунти
-Таблоидите тврдат дека Бекмови и натаму се заедно само поради милионската заработка од нивниот бренд.
-Бекамови секое лето со својата јахта крстареа по Европа, а сакаа да си купат и еден грчки остров
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово

