Свет
3. December 2017 - 15:07

Јеменски бунтовници тврдат дека нападнале нуклеарка во изградба, ОАЕ демантира

Обединетите Арапски Емирати демантираат тврдења дека јеменските Хути бунтовници испукале ракета врз нуклеарна електрана во изградба во ОАЕ.

Новинската агенција ВАМ демантираше тврдења на бунтовниците наведувајќи дека ОАЕ имаат системи за ПРО што се способни да ја заштитат територијата.

Проектот за исграба на нуклеарна електрана е вреден 20 милијарди долари и се наоѓа на границата на ОАЕ со Саудиска Арабија и би требало да почне со работа следната година.