Народен правобранител: Да се работи на интеграција на лицата со посебни потреби
Народниот правобранител по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби апелира сите чинители во општеството во следниот период уште позабрзано и попосветено да работат на целосна интеграција на лицата со посебни потреби со што би се оствариле нивните права.
- Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество. Во тој поглед да ги направиме достапни за сите, градинките, училиштата болниците, државните институции, телевизиските емисии... Само на тој начин ќе покажеме дека работиме за вистинските човечки вредности. Но, на ова да не бидеме посветени само еден ден, денес 3 Декември, туку и останатите 364 денови во годината, вели Народниот правобранител во соопштението испратено по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
Само така, додава Народниот правобранител, ќе ја покажеме нашата грижа за секоја единка во општеството.
Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби годинава се одбележува под мотото „Општество за сите“.
Ново на Сител
-
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Мицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Објавен идентитетот на загинатиот Македонец во Нови Сад
-
Штипјанец си ја убил девојката, сам се пријавил во полиција
-
Македонец меѓу загинатите во Нови Сад
-
Почина еден од ранетите во Арачиново
-
Сообраќајка на патот Тетово - Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента