ВНИМАВАЈТЕ: Излеана вода на патот Маврово-Галичник, магла кај Страцин и Плетвар

Поради излевање вода на коловозот отежнато се одвива сообраќајот на патот Маврово - Галичник, 100 метри пред Царева Чешма. Поставена е соодветна сигнализација и се препорачува тој пат да не се користи до санирање и нормализирање на сообраќајот, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечениот извештај за состојбата на патиштата.
Се уште на терен се екипи за санирање на поплавата на подвозникот кај клучката Матка во близина на бензинската станица „Бис Оил“. Во поплавувањето настанато од дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП „Водовод и канализација“, беа заглавени биле четири возила, а луѓето од нив беа извлечени од Бригата за противпожарна заштита.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на Страцин и до 100 метри на планинскиот превој Плетвар.
Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот., информира АМСМ.
Ново на Сител
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
