Лавров: САД отворено да кажат што планираат со Северна Кореја
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска изјави дека САД отворено треба да кажат доколку целта на нивните провокативни акции е уништување на Северна Кореја.
Лавров, како што пренесува руската агенција ТАС, истакна дека Вашингтон „планира одржување на големи ненајавени вежби следниот месец“.
- Веројатно направија се намерно со цел севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да загуби контрола и да направи нов очајнички потег. Американците мора да ни објаснат што всушност планираат доколку бараат изговор за уништување на Северна Кореја, тоа треба отворено да го кажат и раководството на САД треба да го потврди. Тогаш ние ќе одлучиме како да одговориме, рече Лавров.
САД денеска го предупредија раководството на Северна Кореја дека таа земја ќе биде „целосно уништена“ доколку дојде до војна, откако Пјонгјанг истрела ракета која може да достигне до американското копно.
Ново на Сител
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници