Фатах и Хамас побараа одложување на датумот за трансфер на власт во Појасот Газа
Палестинските фракции Фатах и Хамас се договорија да ја одложат конечната транзиција на власта во Појасот Газа, и наместо на 1 декември, тие побараа на 10 декември Хамас да ја предаде управата со Појасот Газа на палестинската автономна власт, поддржана од западните земји.
Двете спротивставени движења минатиот месец потпишаа договор за помирување под покровителство на Египет, откако Хамас се согласи да ја предаде административниот контрола врз Газа, вклучувајќи го и клучниот граничен премин Рафах. Тоа се случи 10 години откако избувнува граѓанската војна, по што Хамас ја зазеде енклавата..
„Хамас и Фатах побараа од египетските браќа да го одложат преземањето на одговорности во Газа ... од 1 декември за 10 декември, истакна Фајез Абу Ејтах, официјален претставник на Фатах, читајќи заедничка изјава на Хамас и Фатах. „Ова е потребно за да се завршат аранжманите со кои се гарантира постигнувањето на помирувањето", се наведува во заедничката изјава.
Во Каиро, на 21 ноември почнаа тридневни преговори меѓу спротивставените палестински движења Фатах и Хамас. Во преговорите, под покровителство на Египет, покрај Фатах и Хамас, учествуваа уште 12 палестински движења. На средбата тие се договорија парламентарни избори да се одржат до крајот на следната година.
Освен за подготовката на националните палестински избори, тие разговараа и за безбедноста во Појасот Газа и социјалното помирување меѓу семејствата кои беа раскарани повеќе од 10 години поради непријателството меѓу Фатах и Хамас
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло