Утре закажано продолжение на Комисијата за финансирање и буџет

Во Собранието на Република Македонија за утре е најавено продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која почна расправата по Предлог-буџетот за 2018 година.
Расправата за буџетот започна во понеделникот на 27 ноември и според деловникот трае 10 работни дена. За вчера беше најавено продолжение, но по информациите за приведувањата за насилствата во Собранието на 27 април годинава, меѓу кои и на пратеници, седницата беше одложена најнапред без образложение, за потоа да биде посочено дека тоа е сторено поради технички причини.
Според Деловникот за работа на Собранието, општиот претрес и претресот по амандманите по предлогот на буџетот на седницата на матичното работно тело и на Законодавно-правната комисија може да трае најмногу вкупно десет работни дена. Материјалот од седницата со прифатените амандмани повторно се доставува до Владата, која подготвува дополнет предлог. Владата го враќа дополнетиот предлог до Собранието, чиј претрес трае најмногу пет дена. На предложениот текст поднесени се 279 амандмани.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
