Под контрола пожарот во Панорама Резиденс, повредени нема
Десет противпожарни возила и четири од јавното претпријатие Водовод интервенираа во гаснењето на пожарот што попладнево околу 14 часот зафати 400 метри квадратни од објектите на комплексот Панорама Резиденс на падините на Водно, инвестиција на Архи ДОО Скопје.
Како што соопшти командирот на скопската противпожарна единица Благоја Менковски, повредени пожарникари нема, ниту граѓани се пожалиле на повреди.
- За кусо време пожарот е ставен под контрола. Моментно се врши расчистување. Противпожарна екипа ќе остане на местото додека не бидеме во целост сигурни дека опасноста од пожар е надмината, изјави Менковски.
и Архи ДОО Скопје информираше за пожарот, демантирајќи ги, како штоп наведува, претходно изнесените шпекулации.
- Пожарот е брзо и навремено локализиран и нема повредени лица. Притоа е предизвикана мала материјална штета. Дополнително ќе се утврдуваат причините за предизвикување на пожарот, стои во дописот од Архи ДОО Скопје.
Ново на Сител
-
Раст од 1,8 проценти на вкупниот промет во индустријата во март годинава
-
Поднесено обвинение за силување против 37-годишен скопјанец
-
Џастин Бибер ги отфрли наводите дека Диди сексуално го злоупотребувал
-
Приведен 40-годишен маж од Росоман, со стаклен предмет си го нападнал својот татко
-
Вредна донација за Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега на Општата болница во Охрид
-
Обдукцискиот наод за пациентот Ведат Адеми доставен до кумановското Обвинителство
-
СПМ: Не сме изненадени од ставовите и изјавите на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта
-
Пуштени во продажба влезниците за финалето на фудбалскиот Куп на Македонија