Во Битола претставен проектот „Персонална асистенција“ за лица со телесен инвалидитет

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Македонија“ денеска во Битола пред членови на сојузот од повеќе македонски градови го претстави проектот „Персонална асистенција“.
Бранимир Јовановски, претседател на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Македонија“ истакна дека лицата со телесен инвалидитет очекуваат персоналната или лична асистенција да биде ставена во законски рамки и да се спроведува по примерот на државите членки на Европската Унија.
- Грижата за социјалниот живот и потполна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во сите пори на општеството е возможна само со конкретна поддршка. Услугата персонална асистенција во Македонија досега не беше доволно позната и организирана, но со поддршка на проект од ЕУ обезбедивме практична помош на 70 лица со инвалидитет од повеќе македонски градови, рече тој.
Персоналната или лична асистенција, како што рече, овозможува помош на лицата со потежок телесен инвалидитет да добијат конкретна поддршка поврзана со нивниот социјален живот. Очекува Министерството за труд и социјална политика да преземе конкретни активности за озаконување на оваа услуга за лицата со телесен инвалидитет.
На работилницата во Битола за целите на проектот „Персонална асистенција“ говореше д-р Нико Јанков, која нагласи дека персоналната асистенција претставува систем на планирани и изведувани постапки кај лицата со повисок и највисок степен на инвалидност, со кои се олеснува и се прави поднослив нивниот живот.
- Постапките се прават од обучени специјализирани даватели на услуги, персонални асистенти, на услуги во одреден или неодреден временски период. Во таа смисла, потребна е прецизна законска регулатива и прифаќање на правилата и од корисниците и од асистентите. Во светот се поголема е улогата на заедницата во преземањето на обврските кон лицата на кои им е неопходна персонална асистенција, посочи Јанков.
Јавна поддршка на настанот организиран од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Македонија“ дадоа градоначалникот на општина Битола Наташа Петровска и претседателот на Македонско научно друштво-Битола, Марјан Танушевски.
Ново на Сител
-

За две години во Србија се породиле повеќе од 3.500 тинејџерки, 31 биле помлади од 15 години
-

Утрово уапсен Перпарим Бајрами, сам се предал на полицијата
-

Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета | ФОТО
-

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола
-

Во Осло денеска државен погреб на норвешкиот крал Харалд Петти
-

Шји Џјинпинг и Путин му честитаа на Ким Џонг-ун по повод националниот празник на Северна Кореја
-

Денеска прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност
