Јосиповиќ: Србија ќе мора да го признае независно Косово ако сака да влезе во ЕУ

Поранешниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ изјави дека односите меѓу Хрватска и Србија се далеку полоши отколку што беа пред неколку години. Во интервју за весникот „Данас“, Јосиповиќ исто така вели дека Србија нема да може да стане членка на Европската унија додека не ја признае независноста на Косово.
- Медиумите, разните навивачи и коментатори, сите тие потпалуваат со нивните изјави. Во двете земји постојат ретроградни процеси и рехабилитирање и славење на поразените про-нацистички сили, изјави Јосиповиќ за „Данас“. Тој не сака да шпекулира дали, во рамките на ова влошување на односите меѓу Белград и Загреб може да се случи Хрватска да го блокира српскиот прием во ЕУ.
Според поранешниот претседател на Хрватска, Европската унија има проект за ширење на Балканот, вклучително и кон Турција и, секако, Косово. Поради тоа, Јосиповиќ вели дека Србија не може да стане членка ако не го признае Косово.
- Влезот на Србија во ЕУ без да го признае Косово ќе значи дека Косово никогаш нема да стане членка на ЕУ. Таквото редуцирање на проектот за градење на обединета Европа е неприфатливо за повеќето сегашни членки на ЕУ, изјави Јосиповиќ.
Ново на Сител
-

Од лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програмата
-

Стоилковиќ се сретна со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа
-

19-годишно момче од Тетово загина во Италија откако паднало од покрив висок седум метри додека работело
-

СЗО алармира: Дебелината кај децата четирикратно зголемена од 1990 година
-

Виш обвинител од Битола под истрага за незаконско влијание врз обвинители и судии
-

МОН објави конкурси за стипендии за средношколци во учебната 2026-2027
-

МПЦ-ОА против кратење на верските празници: Тие се вековна врска меѓу народот и Црквата, а не само неработни денови
-

Политико: Европските престолнини се подготвуваат за можен хибриден напад со жртви
