-->
-->
Потпишани првите договори за поддршка на млади земјоделци
-->

Околу 60 млади земјоделци од скопско, тетовско, гостиварско, кумановско и велешко денеска ги потпишаа првите договори за добивање 10 илјади евра неповратна финансиска поддршка со која ќе можат да отворат сопствен бизнис.
Останатите млади земјоделци кои ги исполнуваат критериумите на оваа владина мерка, ќе можат да ги потпишуваат договорите од понеделник, во Платежната агенција.
- Горд сум на вас, ви посакувам бериќетна и успешна работа. Очекувам да ги мултиплицирате овие пари, храбро да влегувате во нови и добро осмислени инвестиции, да ги користите помошта и поддршката од државата и заедно да се радуваме на вашиот напредок и вашиот успех, истакна премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на потпшувањето во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Младите земјоделци, напомена Заев, покажаа дека македонското земјоделство има на кого да се потпре, а воедно се и потврда дека се движиме кон европскиот аграр каде е модерно да се биде фармер.
Според министерот за земјоделство Љупчо Николовски, до крајот на годинава ќе бидат склучени 424 договори за поддршка на млади земјоделци. Предвидените неповратни 10 илајди евра тие ќе можат да ги искористат за набавка на нова механизација и изградба на нови капациети.
- Мерката постоеше и во претходните години, но по критериум „прв дојден, прв услужен“, што отвораше сомнеж дали овие пари завршуваат кај вистинските земјоделци. Нашата аграрна политика е јасна, секој денар од субвенциите мора да се исплати на вистинските земјоделци, подвлече Николовски.
На младите земјоделци договорите за потпишување во МЗШВ им ги додели директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.
Согласно владината мерка 122 од Националнта програма за рурален развој, право за аплицирање имаат земјоделци до 40 години, евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства не повеќе од 18 месеци.
Критериумите предвидуваат пет бодови за земјоделско стопанство над 700 метри надморска висина, десет бодови за земјоделски стопанства членки на земјоделски задруги, триесет бода за набавка на опрема за преработувачки капацитети, дваесет и пет бода за набавка на опрема за постбербени активности, петнаесет бода за сопствено учество во инвестицијата од 25 проценти, десет бода за сопствено учество во инвестицијата од 25 до 50 проценти и пет бода за сопствено учество во инвестицијата од 50 до 100 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
