Подвиг или лудост: Американец ќе полета кон небото за да „докаже“ дека Земјата е рамна

Жител на американската сојузна држава Калифорнија, кој верува дека Земјата е рамна, има намера самостојно да полета 550 метри кон небото над пустината Мохаве, за да го докаже своето убедување.
Мајк Хјуз (61), со своја инвестиција, како и спонзорства од групите кои го делат тоа уверување, обезбедил вкупно 20.000 долари, со кои конструирал ракета што би требало да достигне брзина од 800 километри на час. Потоа тој ќе се спушти на Земјата со падобран.
Превидената висина не е доволна за да се обезбедат „фото-докази“ дека Земјата е рамна, но како што вели Хјуз, тоа е само почеток. Следната зацртана цел е висина од 109 километри.
Мајк, секако, одбива да верува во научните докази дека планетата Земја има тркалезна форма.
- Не верувам во науката. Се разбирам во аеродинамика и начинот на кој работите се движат низ воздухот. Но, тоа не е наука, тоа е обична формула. Нема разлика меѓу науката и научната фантастика, смета тој.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
