Сите сме слушнале дека кумство не се одбива - Знаете ли зошто е така?
Кога велиме кум првата асоцијација која ни паѓа на памет е пријател за цел живот, кој никогаш нема да ве предаде и секогаш ќе биде покрај вас како дел од вашето семејство и на него може во секое време да се потпрете.
Кумството спаѓа во духовно сродство и може да биде во форма на кум на крштевка и кум на венчавка.
Кумот има посебно место на свадбата како и на сите прослави. А денес ќе се свртиме кон изреката зошто кумството не се одбива и што може да се случи ако се одбие кумството.
Едно од верувањата е дека ако одбиете да бидете кум на венчавка во текот на целиот живот ќе ве следи несреќа и никогаш нема да ја најдете својата сродна душа, затоа што пред Бог сте одбиле да сведочите.
Некои веруваат дека покрај несреќата во љубовта, одбивањето на кумството носи и осаменост до крајот на животот, односно покрај себе нема да имате вистински пријател. Друго верување е дека кога ќе се одбие да се крсти дете вие никогаш нема да имате деца.
Притоа кумот е личност од доверба. Но сега кумството е поинакво. Старите кумства биле одржувани многу долго, а денес се набљудуваат низ материјалната призма. Но ни венчавањето ни крштевањето не можат без него.
Исто така кумот при крштевањето се колне пред Бог дека ќе се грижи за тоа мало дете, што значи дека тој ќе преземе одговорност за тоа дете, ако на родителите нешто им се случи.
Тоа е морална одговорност на кумот. Доколку нешто се случи, тој станува старател на детето.
Кумот е важен дел од секое семејство и самата традиција на нашиот народ, па така советуваме внимателно да го бирате, а кога ќе го изберете ценете го и почитувајте го.
Ново на Сител
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари