Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

Со рекорден број трудови и пленарни сесии, денеска на ФЕИТ почна 5-тата јубилејна Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕОР), организирана од студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје што ќе трае до 25 ноември.
Целта на конференцијата, според организаторите, е да се подигне свеста за потребата од енергетска ефикасност и одржлив развој, особено кај студентите, да овозможи научно-истражувачка работа на глобално актуелни теми, да направи размена на искуства и знаења со експертите и да овозможи контакти на различни нивоа, меѓу компаниите, професорите и студентите.
- СКЕОР е плод на досегашните искуства на сите организатори. Оваа година имаме 50 трудови и 11 пленарни предавања на професори или претставници на компании од кои шест од странство, рече Наташа Јованова, претседател на организацискиот одбор на СКЕОР на отворањето на конференцијата.
Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски потенцираше дека студентите го даваат првиот импулс во соочување со предизвиците на денешницата.
- Студентите го даваат првиот импулс и нудат конкретни решенија за подобрување и решавање на предизвиците во областа на енергетска ефикасност, одржлив развој, зелена енергија, загадување,.. Како Факултет веќе имплементираме дел од решенијата произлезени од досегашните студентски конференции, како што се енергетски сијалици, енергетски ефикасна фасада, уред за мерење на потрошувачка на електрична енергија и други иновации, рече Ташковски.
Токму на оваа конференција, додаде, студентите, заеднички со професорите и со компаниите кои активно се вклучија во реализација на СКЕОР, повторно ќе се обидат да понудат решенија на дел од проблемите.
За координаторот на СКЕОР, проф. д-р Маргарита Гиновска, идејата на ФЕИТ е да ги поттикне студентите да бидат креативни, иновативни и со истражувачки дух и идеи за решавање на проблемите со енергијата и одржливиот развој.
- Не само што квантитативно се зголемува бројот на учесници и трудови на СКЕОР, туку континуирано се подобрува квалитетотот. Преку СКЕОР ФЕИТ го поттикнува организацискиот дух и тимската работа кај студентите, како и интердисциплинарниот пристап во решавање на проблемите со енергијата и одржливиот развој, рече Гиновска.
Ново на Сител
-

Пресуда во корист на „Њујорк тајмс“: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите
-

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-

Генералниот секретар на ОН го поддржува Одборот за мир, но го смета за личен проект на Трамп
-

Изборен молк на сила во Словенија пред неизвесните парламентарни избори
-

Иран првпат употреби интерконтинентална ракета со среден дострел во напад врз американско-британска воена база; Пентагон не потврдува
-

Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
