Свет
21. November 2017 - 19:15

Клучни датуми од биографијата на Мугабе

Клучни датуми во животот на Роберт Мугабе кој денеска поднесе оставка на фукцијата претседатаел на Зимбабве:

1 февруари 1928 - Мугабе е роден во католичко семејство во Кутама Мишн, северозападно од Салисбури, главен град на британската колонија Јужна Родезија

1960 - По години минати надвор од државата како студент и наставник, Мугабе се враќа во Родезија и се приклучува на Националната Демократска Партија. Откако партијата е забранета во 1961 станува член на Африкански народен сојуз на Зимбабве (ЗАПУ) на Џошуа Нкомо. Потоа го формира Африканскиот национален сојуз на Зимбабве (ЗАНУ)

1964 -1974 - Мугабе е во затвор поради националистички активности. По ослободувањето од затвор ја предводи ЗАНУ и заедно со Нкомо почнува борба против белиот режим на Јан Смит. Во периодот 1972-1979 во судири гинат 27.000 луѓе.

18 април 1980 - Родезија која прогласи независност од Британија во 1965, се преименува во Зимбабве. Мугабе станува премиер.

Декември 1980 - Мугабе станува претседател со ревизија на Уставот.

Февруари 2000 - Не се прифатени уставни амандмани за зајакнување на неговата власт. Мугабе им дозволува на ветераните од војната за независност да преземат од белци околу 4.000 фарми.

Декември 2008 - Опозицискиот лидер Морган Цвангираи го победува Мугабе на избори за претседател. Сепак, тој се откажува од изборниот резултат поради бран насилства против негови поддржувачи. Мугабе е реизбран во јуни и повторно во 2013 година.

Декември 2014 – Мугабе ја назначува својата втора сопруга Грејс за претседател на Женската лига на партијата ЗАНУ-ПФ и ја најавува како негов наследник на функцијата.

15 ноември 2017 - Армијата презема контрола врз државата. Мугабе е во домашен притвор.

21 ноември 2017 – Мугабе поднесува оставка со што завршува неговото 37-годишно владеење.