„Помогнете ми, црвен ми е како рак!“ - Момче го изгорело пенисот пржејќи јајца
Необична глетка затекнале работниците од Итната помош во Белград.
-Го добивме тој повик некаде утрото, околу 9 часот. Маж ни се јави и ни рече дека е многу повреден околу препоните. Некој не можеше да очекува дека ќе го затекнеме тоа што го видовме, а глетката на неговиот пенис беше уште поболна, истакна поранешен медицински работник за Телеграф, кој заради приватноста не сакаше да открие податоци за пациентот.
Како што вели, екипата веднаш отрчала на терен за да му ги санира повредите на несреќниот пациент. Му заѕвониле на врата.
-Отвора маж, како од мајка роден, значи целосно гол, нагрнат само со бадемантил. Стои. Не гледа. Отиде чекор наназад и ни го покажа пенисот. А пенисот црвен како рак!, раскажува тој.
Несреќното момче не сакало многу да детализира, само рекол дека го изгорел пенисот. Од прво, никој не знаеше како дошло до тоа.
-Се изгорев, помогнете ми. Не можам да се облечам, се ме боли. Ми пречат и гаќите, се, рече тој.
Иако му беше срам да раскажува како дошло до инцидентот, само се пожалил како на гости му била една девојка, и сакал да и спржи јајца за појадок.
-Ако ме разбирате, сличајно со рака го допрев врелото тавче, маслото се растече по мени и на крајот наместо неа да и спржам јајца, јас тоа си го направив на себе...Ама буквално, се пожалило несреќното момче.
Дали девојакта знаела за повредата, нејасно е бидејќи медицинската екипа не ја затекнала во станот, или пак толку добро се скрила да не ја видат.
Овој бизарен настан се случил минатото лето.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија