Џорџ Сорос негира дека бара ЕУ да прими милиони мигранти
Милијардерот Џорџ Сорос упати одговор на обвинувањата што Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан ги упатија кон него дека води кампања за отворање на границите на Европската унија за мигранти.
Според Сорос, не е точно дека тој водел кампања за прием на милиони мигранти во Европската унија, а ваквите обвинувања против него ги оцени како исламофобија и антисемитизам.
Сорос реагираше откако унгарската Влада објави документ за, како што тврди, ставовите на Џорџ Сорос и неговиот политички активизам во ЕУ.
Според унгарската Влада, Сорос бара од Европската унија да ги отвори своите граници за милион мигранти годишно, да воведе задолжителен механизам за распределбата на мигрантите низ сите членки на ЕУ, како и да ги натера членките на Унијата да им даваат социјална помош на мигрантите.
Во својот одговор, Сорос вели дека во 2015 година, во екот на војната во Сирија, се залагал за прием во ЕУ на милион бегалци годишно, но од 2016 година се залага оваа бројка да биде сведена само на 300.000 бегалци годишно.
Сорос воедно демантира дека преку неговите организации вршел политички напади врз државите и владите кои одбиваат да ги отворат границите, дека промовирал менување на европската културна и јазична слика или дека се залага за укинување на границите.
Во врска со тврдењето на унгарската Влада дека Сорос бара од Унгарија да им исплаќа социјална помош на бегалците и мигрантите, Сорос одговара дека, според неговите предлози, овие пари би дошле од Европската унија, а и тој самиот донирал 430 милиони евра од сопственото богатство за оваа цел.
Ново на Сител
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО