Пешевски: Решен проблемот за водоснабдување на кривопаланчани
Со поставување камен темелник денеска почна реализацијата на проектот „Водоснабдување на лев брег, Крива Паланка – висока зона“ што се реализира со финансии од 23 милиони денари преку Владата и Министерството за транспорт и врски.
Ќе се гради главен доводен цевковод, примарна мрежа во должина од 2,890 метри, со капацитет од 350 кубни метри, и секундарна мрежа со седум крака во должина од 2,480 метри.
- Со реализацијата на овој проект се предвидува конечно решавање на водоснабдувањето на високата зона на левиот брег на Крива Река во Крива Паланка. Со тоа се надминуваат состојбите на недостаток на вода во критичните периоди во високите делови од градот, истакна на свеченоста вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој е во работна посета на Крива Паланка.
Со градбата на новата водоводна мрежа, укажа Пешевски, се растоварува и комплетниот водоснабдителен систем со што ќе се надминат и проблемите со недостаток на вода и во другите зони на општината, изјави Пешевски, кој присуствуваше и на пуштање во употреба на пречистителна станица за вода.
Вицепремиерот Пешевски рече дека градот Крива Паланка и поголем дел од населените места досега се снабдуваа со вода само од Калин Камен што не ги задоволуваше целосно потребите, особено во критичните периоди на помала издашност на изворите, а поголема потрошувачка на вода. - За долгорочно решавање на проблемот со водоснабдување, покрај изградбата на водоснабдителниот систем Висока зона – Лев брег неопходно беше да се доизгради, доопреми и стави во употреба и водоснабдителниот систем на Станечка Река и филтер-станицата за вода за пиење, така што долгорочно е решено прашањето за водоснабдување на кривопаланчани, рече Пешевски.
Активностите за водоснабдителниот систем Станачка Река, доопремување на филтер-станица за вода за пиење и за водоснабдување на лев брег, Крива Паланка – висока зона се реализираат преку проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“, финансиран од Европската банка за обнова и развој и Министерството за транспорт и врски. Проектите се со вкупна вредност од 30 милиони денари.
При посетата на Крива Паланка вицепремиерот Пешевски и директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов извршија увид на локацијата од каде што напролет ќе почне изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.
Значењето патот вицепремиерот го истакна на свечената седница во општината по повод Денот на ослободувањето на Крива Паланка. Патот треба да биде завршен до крајот на 2019 година, со што, според Пешевски, ќе се подобри транспортната поврзаност на Коридорот 8, ќе се засилат конекциите со регионалните пазари, ќе се зголеми конкурентноста на домашните претпријатија, ќе се потикне развојот на туризмот, како и растот на локалната и националната економија.
Експресниот пат, за кој неодамна беше обебзеден заем од 83 милиони евра од Светската банка, ќе биде должина 27 километри, ќе има по две ленти во двете насоки и ќе содржи 22 моста, 9 натпатници и 13 пропусти и 2 клучки.
Вицепремиерот Пешевски имаше и средба со жителите на општина Ранковце и ги слушна нивните проблемите кои се однесуваат на нерешени прашања од страна на локалната власт, но побараа и решавање на долгогодишниот проблем со немање амбуланта и аптека.
Ново на Сител
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд