Анкета: Две третини од Германците сметаат дека Меркел не треба да добие Нобел за мир
Речиси две третини од Германците сметаат дека нивната канцеларка Ангела Меркел, која е меѓу фаворитите за овогодинешната Нобелова награда за мир, не треба да ја добие наградата, покажува истражување, објавено денеска во весникот „Ханделсблат“.
Мнозинството од 61 процент сметаат дека Меркел не е соодветен кандидат за наградата, чиј добитник ќе биде објавен утре во Осло, додека 34 проценти од анкетираните имаат спротивно мислење, покажува истражувањето на институтот „Форса“ спроведено на 1.002 учесници.
Единствено мнозинство од 54 проценти, што смета дека Меркел ја заслужува наградата, се испитаниците симпатизери на нејзината конзервативна партија.
Меркел е меѓу фаворитите за престижната награда поради улогата во конфликтот во Украина и поради отворањето на вратите на земјата за мигрантите, во време, кога Европа се соочи со бегалска криза.
Сепак, ставот на канцеларката за миграциското прашање доведе до пад на нејзината популарност во Германија.
Ново на Сител
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште