-->
-->
Почнал да крвари и да ја губи свеста – Тежок инцидент го потресе Скопје
-->

Триесет и двегодишниот Т.В. пријавил напад со бејзбол-палка на улицата Иван Хаџиниколов.
Додека го испраќал својот другар на автобуската постојка во близина на пазарчето во Драчево, до нив застанало возило од кое излегол Н.Ѓ. од населба Драчево со бејзбол-палка. Тој почнал да се кара со Т.В. И го удрил со тупаница. Т.В. се исплашил и почнал да бега, но Н.Ѓ. го стигнал и со бејзбол-палката го удрил во задниот дел од главата. Т.З. почнал да крвави и да ја губи свеста, паднал на тротоарот.
Напаѓачот влегол во автомобилот и заминал. На повредениот му била укажана лекарска помош во амбулантата во Драчево, а потоа се упатил во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ на понатамошно лекување.
МВР презема мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
