ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја мултиплицира сиромаштијата, економијата стагнира, а единствено што се зголемува се парите за патните трошоци на пратениците

„Со СДС на власт и Зоран Заев на чело на владата државата доживува целосно економско фијаско. За 6 месеци ниту изградија ниту почнаа било каков проект.
За каков одржлив развој зборува Заев кога за 6 месеци ја задолжи државата за над 600 милиони евра, а за наредната година планира задолжување од речиси една милијарда евра.
Од друга страна фалбите за укинување на радиодифузната такса и евтината струја се лажни бидејќи само со зголемувањето на акцизата за нафта владата ќе му одземе на секое семејство по една просечна плата годишно, а на македонските превозници цели 11 милиони евра секоја година. Нема никаква добивка за граѓаните.
Од друга страна Заев ветуваше зголемување на просечната плата на 500 евра, а во реалноста таа се намалува, нема ниту плата од 1.500 евра плата за докторите, земјоделците се измамени со пониски субвенции, а пензионерите останаа без покачувањето на пензиите.
СДС и Заев едно зборуваше пред доаѓањето на власт, а сосема друго откако се добра на власт. Пред изборите шпекулираше и измислуваше бројка од 600 илјади наводно иселени млади луѓе, сега јавно го прашуваме колку од нив се вратија по доаѓањето на власт на СДС и зошто го нема животот кој го ветуваше?
Градежништвото има страшен пад, нема нови странски директни инвестиции, а капиталните проекти се стопирани. Зоран Заев ја мултиплицира сиромаштијата, економијата стагнира, а единствено што се зголемува се парите за патните трошоци на пратениците, и црните бизниси на хунтата на власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на говорот на Зоран Заев даден при отворањето на манифестацијата национална награда за најдобри општествени одговорни практики на претпријатијата во РМ.
Ново на Сител
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
-

Истрага против три лица за загрозување на животната средина со отпад во Охрид
-

„Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
