ВМРО-ДПМНЕ: Болниците се преполни со пациенти со респираторни заболувања
Болниците се преполни со пациенти со респираторни заболувања, а последиците од загадениот воздух се повеќе ги чувствуваат и децата и возрасните. Единствен спас граѓаните гледаат во затварање во сопствените домови.
Владата на Зоран Заев 6 месеци нема превземено ниту еден суштински чекор за прочистување на воздухот.
Наместо почист воздух, нивото на загаденоста урива рекорди. Цели градови се гушат во смог, а ветувањата на СДС доживуваат фијаско.
Експертите апелираат дека по одредено време на изложеност на загаден воздух, штетата по организмот е огромна, а загадувањето најмногу се одразува врз кардиоваскуларниот систем, предизвикувајќи низа заболувања.
Наместо да се справуваат со загадувањето, градоначалниците на СДС тргнаа со контрамерки. Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот.
Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање секојдневно алармираат превисоки концентрации на ПМ10 честичките, загадено е низ цела Македонија, вчера особено алармантно беше во Тетово, изнесуваше 120 мг/м3. Додека во Карпош изнесуваше 106 мг/м3, а во Кавадарци 101 мг/м3.
Згора на тоа СДС се дрзна да го укине и Ден на дрвото. Преку оваа акција досега се засадија над 36 милиони садници, со над 50 отсто успешност, што е висок процент за ваков тип садници.
Граѓаните врз сопственото здравје почнаа да ги чувствуваат лагите и манипулациите на владата на СДС. На Заев му е побитно да продава евтин популизам отколку да реализира реални мерки со кои ќе се подобри живеењето на граѓаните на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ