Рече не можам веќе и се уби – Бора Дрљача проговори за смртта на жена му!

Српскиот пејач Бора Дрљача ни после 10 години од смртта на сопругата Весна, која е пронајдена во парк, не знае зошто таа кренала рака на себе.
- И ден денеска страдам по Верица. И пред тоа се обидуваше да се убие. Првиот пат испи една рака таблети. Ја најдов дома во несвест на подот и веднаш ја однесов во болница. Таму беше на испирање. И го спасив животот! Навистина не знам поради што го направи тоа. Мислам дека крај мене ништо не и недостигаше, имаше се. Си зацрта тоа да го направи и не можев да ја спречам – раскажал Бора низ солзи.
Пејачот се шокирал кога го нашол прошталното писмо на жена му.
- Во друга прилика повторно остана сама дома. Децата и јас не бевме дома. Кога влегов во станот, најдов проштално писмо. Се сеќавам само дека пишуваше: Многу се изморив, извини. Чувај ми ги децата!Истата секунда ја повикав полицијата и почнав да ја барам. Набрзо после тоа, полицијата ја најде мртва во паркот кај хотелот Југославија, каде инаку вежбаше. Еден лекар во една прилика ми рече дека кој еднаш се обиде да се убие, веќе му нема спас. Тоа ќе го направи кога тогаш, токму како и мојата жена. Не го ни читав полициското досие. На кого му е до вистината, кога вистина е дека неа ја немаше-рекол Дрљача.
Ново на Сител
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
