Нов систем за наплата во градскиот превоз во Скопје

По едно евро за секој изминат километар ќе добиваaт превозниците од јавниот градски превоз од 1 јануари следната година. Од тогаш ќе почне да се применуваат и новите системи за наплата со електронски билети и автоматско следење на возилата, како и единствена цена кај сите превозници.
Советот на Град Скопје на денешната седница ќе ги разгледа Предлог-одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје и Предлог-одлуката за утврдување на привремена вредност на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот - изминат километар.
Парите од наплатата на превозот со умните билети ќе ги собира Град Скопје, а потоа сите превозници ќе добиваат надомест од едно евро за изминат километар. За секое возило ќе се знае точно колку минало благодарение на системот за автоматска локација. Ќе биде утврден единствен систем на линии во градскиот и во приградскиот превоз и единствен возен ред. Главен носител на јавниот превоз е ЈСП „Скопје“, а може да учествуваат и други превозници кои исполнуваат точно утврдени услови и кои ќе склучат договор со Град Скопје за одржување на одредена линија. Ќе има нов оглас за распределба на линии.
Се предлага цената на билетот и видовите на билети да бидат единствени кај сите превозници. Во функција ќе биде зонски тарифен систем. Ќе има можност за преседнување од еден автобус во друг, зонски, дневен, неделен и викенд-билет. Ќе има обична електронска картичка што граѓаните ќе може да ја користат и во приватните и во автобусите на ЈСП „Скопје“ и ќе може да ја надополнуваат и персонализиран билет, со фотографија и име и презиме на корисникот.
Компанијата „Т-мобиле“ беше избрана од ЈСП „Скопје“ на оглас за воспоставување на новите два система, кои чинат три милиони евра.
Ново на Сител
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
