„Да имам дел од неа ми значи многу“, Чека бебе од починатата сопруга

Поради редок облик на рак на тироидната жлезда кој брзо почнал да се шири на остатокот од телото, 31 годишната Еми никогаш не можела да се оствари во тоа што најмногу сакала - да добие бебе. По нејзината смрт, другарката од детството станала сурогат мајка за дете на Еми и нејзиниот сопруг Џејк.
Џејк и Еми биле пријатели уште од детството. Во еден период животот ги раздвоил на факултет, а потоа и работата - Џејк работел во Австралија, а Еми во Лондон.
По неколку месеци откако се споиле, Еми почнала да чувствува замор и потечени лимфни јазли. И бил дијагностициран редок вид на рак кој многу брзо се проширил на нејзиниот 'рбет, белите дробови, црниот дроб и коските. Нејзиниот најголем сон - да стане родител, се скршил.

Еми започнала да пишува блог на кој ја опишувала својата борба со ракот, а паралелно собирала и донации за здружението Royal Marsden Cancer Charity и успела да собере неколку десетици илјади фунти. Една од акциите за собрирање средства на која учествувала, без разлика на болеста, била турнеја во велосипедизам во пар од Лондон до Копенхаген, дури 2.000 километри. За својата хуманитарна работа парот добил награда „JustGiving"“.

По некое време, другарката на Еми од основно училиште, Лиз Бег го видела блогот и се понудила да биде сурогат мајка. Три дена покасно, Лиз им кажала на паро деја е бремена, но по неколку часа Еми заспала и никогаш повеќе не се разбудила. Починала 18 месеци од дијагнозата.
Џејк, неколку дена по смртта на својата сакан добил нови вести, бил додатно шокиран. Имено, бременоста на сурогат мајката била вонматерична. Таквата бременост не може да продолжи и смета за опасна по животот. За среќа, Лиз е упона и ќе проба повторно и верува дека ќе успее. Резултатите за новото оплодување ќе се знаат околу Божиќ.

- Кога дознавме дека бременоста е вонматерична, мислам дека и на мене и на Лиз ни беше утеха тоа што тој ембрион, или бебе, ќе отиде кај Еми во рајот, ако постои такво место и дека таа ќе го одхледа, изјавил Џејк за Мирор и додал дека, а ко бременоста на сурогат мајката успее „најдобрата работа ќе биде да имам дел од Еми затоа што знам колку сакаше да биде мајка“.
Еми била во своите рани триесети кога починала, но дека оваа страшна болест и била дијагностицирана порано, можела целосно да опорави.
Ново на Сител
-

Утре средба Муцунски-Чамова во Шведска
-

Народна банка: Во април годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка
-

Комисијата за финансирање и буџет го разгледува задолжувањето од 260 милиони евра, избрана најповолната понуда
-

„Спејс-Икс“ оди на берза: Чекор што може да го направи Маск прв трилионер во светот
-

Хамилтон: Се чувствувам одлично во Ферари
-

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево
-

Омерагиќ: Честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Силекс
-

Енрике за Арсенал: Во играта без топка, тие се најдобриот тим на светот
