Зошто киселата зелка е корисна за жените?

За позитивните својства на зелката се знае одамна, како и тоа дека помага во лекување бројни болести.
Свежата зелка е богата со хранливи материи: калиум, калциум, железо, магнезиум, малку натриум. Но, знаете ли дека со неговото закиселување се подобруваат неговите хранливи и лековити својства?
Истражувањата покажале дека киселата зелка може да се мери со лимонот, портокалот и со пиперката во однос на количината витамин Ц што ја содржи во себе.
Во киселата зелка има дури и витамин У кој е откриен 1952 година, а кој влијае позитивно на чирот на желудникот и на дванаесетпалачното црево, како и против гастритис.
Расолницата помага храната да се свари полесно.
Кога ќе се измеша со сок од морков и репка, им помага на луѓето кои имаат недостиг на калциум, односно кршливо коски. Им се препорачува на жените со средни години за да се запре процесот на остеопороза.
Меѓу другото делува и протрив бактерии и габички, а штити и од воспаленија.
Лековити својства
Во лековитите својства на киселата зелка се вбројуваат следниве:
-Го освежува здивот и влијае на расположението
-Го прави организмот отпорен на стрес
-Активира размена на материите во мозокот и во нервите
-Поттикнува размена на железото во крвта
-Помага во создавањето црвени крвни зрнца во крвта
-Придонесува за обновување на истрошеното врзивно ткиво на рани и изгореници
Заради зајакнување на имунитетот, киселата зелка особено им се препорачува на постарите лица, на луѓето со нарушен имунитет и на децата.
Ново на Сител
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
