Коалицијата на Берлускони победи на изборите на Сицилија

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се врати на политичката сцена, откако неговата коалиција на десен центар победи на регионалните избори на Сицијалија, одржани вчера.
Врз основа на 60 отсто преброени гласови, кандидатот на десниот центар за гувернер на Сицилија, Нело Муземечи освои 39,27 отсто од гласовите, додека кандидатот на опозициското движење Пет Ѕвезди, Џанкарло Канчелери доби 35,05 проценти од гласовите.
Објавувајќи ја победата, Берлускони (81) на своите налози на социјалните мрежи напиша: „Сицилија го одбра патот на реалните, сериозни и конструктивни промени, засновани на чесност, компетентност и искуство“.
Изборите за нова регионална влада и гувернер на тој средоземноморски остров се сметаат за тест на популарноста на партиите пред парламентарните избори во мај следната година.
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево
-

Тридневен штрајк на таксистите во Атина
-

ССМ пред Владата ќе бара зголемување на минималната и сите останати плати
-

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9
-

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Трамп: Куба е банкротирана држава и треба да склучи договор со САД
