Белгиското Обвинителство го разгледува налогот за апсење на Пуџдемон
Белгиското Јавно обвинителство денеска потврди дека го разгледува шпанскиот налог за апсење на разрешениот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон и четворица членови на неговиот Кабинет, кои во четвртокот на се појавија пред Врховниот суд на Шпанија на закажаното сослушување по обвинијата за бунт, поттикнување на бунт и злоупотреба на јавни фондови.
Белгискиот министер за правда Коен Генс претходно најави дека Владата на Белгија нема да има влијание на иднината на Пуџдемон, додавајќи дека европскиот налог за апсење што го издаде Шпанија е „целосно легална постапка“.
Генс истакна дека за разлика од нормалната меѓународна екстрадиција, „извршната власт не игра никаква улога во процедурата при европски налог за апсење“. - Сето тоа се одвива преку директни контакти меѓу правосудните органи, појасни белгискиот министер.
Пуџдемон синоќа на Твитер уште еднаш потврди дека е подготвен да соработува со белгиските власти, без да посочи каде се наоѓа.
Се претпоставува дека Пуџдемон престојува во Белгија, откако по одлуката на Мадрид да го активира членот 155 од Уставот на Шпанија, со што ја укина автономијата на Каталонија и воведе директна управа над регионот, тој и членови на неговата разрешена Влада ,инатиот викенд допатуваа во Брисел.
Пуџдемон во петокот за белгиската државна телевизија РТБФ изјави дека е подготвен да соработува со правосудните власти на Белгија, кои, според него, за разлика од шпанските, не се политизирани.
- Нема да бегам од правдата. Ќе отидам пред судските власти, но вистинските судски власти. Му реков на мојот адвокат да ги извести белгиските правосудните власти дека сум целосно подготвен да соработувам со нив, изјави Пуџдемон.
Белгиското правосудство има рок од 60 дена по примеот на налогот за апсење за да реши за евентуална екстрадиција на Пуџдемон.
Според белгиски правни експерти, доколку белгиското Јавно обвинителство реши да реагира по налогот ќе треба да поднесе барање до полицијата за апсење на Пуџдемон и останатите четворица „бегалаци“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице