Дачиќ бара меѓународна конференција за Косово, Хоџај смета дека нема потреба
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ смета дека е потребно да се организира нова меѓународна конференција за да се најде решение за Косово, што би спречило евентуална војна во иднина.
На конференцијата, според Дачиќ, би учествувале ЕУ, САД и Русија, бидејќи целиот свет треба да се праша за решение за Косово.
- Србија, која Косово и Метохија исторски го смета за нејзин нераскинлив дел, треба да побара меѓународна конференција за наоѓање решение, кое ќе спречи можни војни за многу векови, изјавил Дачиќ, пишува Лајми.нет.
Ваквиот предлог на Дачиќ го отфрли вицепремиерот на косовската Влада и поранешен министер за надворешни работи, Енвер Хоџај, нарекувајќи го „непотребно нешто“.
- Нема потреба од друга меѓународна конференција. Дијалогот со посредство на ЕУ треба да заврши со договор за целосна нормализација на односите и реципрочно признавање. Србија историски никогаш не била за мировни договори и никогаш не ги признавала договорите со меѓународни преговори, напиша Хоџај на Твитер.
Предлогот на Дачиќ го отфрлаат претставници на косовските политички парти, а за Движењето „Самоопределување“ нема потреба да се коментира таквиот предлог бидејќи Дачиќ бара „меѓународна конференција за Косово и Метохија, кое не постои“.
Ново на Сител
-
Во Скопје утре ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци
-
Трипуновски: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство
-
Голем пожар беснее во Измир
-
ЈСП Скопје: Приватните автобуси ќе возат согласно возниот ред, долгот ќе се сервисира според договореното
-
20.000 евра казна за сопственик на два папагали - Им ги пресекол крилата за да се сликаат со туристи на Халкидики
-
Обид за убиство во Струмица - Кривична за четири лица меѓу кои и малолетник
-
Директорка на државен ученички дом во Битола проневерила 202.500 денари
-
Починат работник донесен во Ургентниот центар во тетовската болница