Апелација одлучи „бомбите“ да бидат доказ за „Тендери“

Апелацискиот суд Скопје одлучи дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка во случајот „Тендери“, во кој е обвинета поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.
Одлуката е донесена врз основа и на претходните две одлуки со кои Апелацискиот суд одлучи дека „бомбите“ можат да бидат доказ во предметите „Насилство во Центар“ и „Триста“.
Апелацискиот суд на две јавни седници утре ќе одлучува дали бомбите ќе бидат докази и во предметот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и во предметот „Топлик“ за случајот „Сончев град“.
Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на 27 септември годинава ги одби „бомбите“ како доказ во случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“.
Во случајот „Тендери“ обвинета е Канчевска Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“. Во „Топлик“ осомничени се шест лица од Министерството за транспорт и врски за изградба на „Сончев град“, а „Тортура“ се однесува на апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.
Снимките од прислушуваните разговори досега се прифатени како докази во предметот „Триста“ во кој обвинет е поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски и за „Насилство во Центар“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а се отфрлени за „Титаник“, „Тенк“, „Тифани“ и „Тревник“.
Ново на Сител
-

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
