Објавен романот „Малиот Јоханес“ од холандскиот класик Фредерик ван Еден
Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве го објави романот „Малиот Јоханес“ на познатиот холандски писател Фредерик ван Еден, во превод од англиски јазик на Дарко Цветаноски.
„Малиот Јоханес“ (1887) е психолошки и фантастичен роман - авантура за едно обично момче кое ги спознава суровите реалности на животот, како и празните надежи за подобар живот по смртта, но кое што на крајот наоѓа смисла во помагањето на сите околу себе.
Овој роман е најпознато дело на Ван Еден и едно од најпознатите дела на сите времиња на холандската книжевност.
Фредерик Вилем ван Еден (1860 - 1932) бил холандски писател и психијатар. Бил еден од главните претставници на младото книжевно движење во осумдесеттите години на 19 век и еден од уредниците на познатото списание „Нов водич“.
Додека студирал медицина во Амстердам, водел боемски живот и пишувал поезија. Уште тогаш бил првиот, кој во науката го вовел терминот „луцидно сонување“, што станува класична тема во соновната книжевност.
По завршувањето на студиите станал плоден писател, напишал повеќе романи, стихозбирки, драми и есеи кои лесно ја придобиле критиката. Своевремено бил еден од најценетите писатели во Холандија, како и прв меѓународно познат холанд¬ски психијатар.
Главната тема која е присутна во делата на Ван Еден е сумирана во една реченица во „Малиот Јоханес“: „Таму каде што се луѓето, и нивната мака, таму е мојот пат“.
Ваквата етика Ван Еден се стремел да ја вметне и во своето пишување и во својата практика. Бил познаник на Фројд, чиешто учење прв го промовирал во Холандија, а се допишувал со Херман Хесе.
Негови најпознати дела се романите „Малиот Јоханес“ и „На студените езера на смртта“.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба
-
Македонските ракометари поразени во Литванија
-
Кога една остварена цел, отвора можност за нова | Славјанка Петровска | Sitel Podcast 069
-
Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг
-
Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново
-
Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон
-
Ревија на стари автомобили се одржа во Тетово, најстар беше „Фиат“ од 1932 година
-
Релево: Реал сака да го ангажира Лапорта во зимскиот трансфер прозорец