Ќе се спроведе истрага за серијата „Македонија“, продуцентите ќе треба да ги вратат парите
Агенцијата за филм на Македонија направи контрола во врска со доделувањето средства за снимање на серијата „Македонија“, при што се утврдени пропусти, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
- Средствата биле доделени на продукцијата „Јадран филм“ и требало да се направи проект играна серија „Македонија“, но во согласност со утврдениот термин, 4 септември 2017, првиот дел од серијалот ниту бил снимен, ниту бил испорачан, а парите во износ од 1,2 милиони евра се префрлени, рече Бошњаковски.
Тој истакна дека вчера на владината седница се донела одлука дека остатокот од парите, 4,6 милиони евра, нема воопшто да бидат префлени, а ќе се бара одговорност и за овие пари кои веќе се префрлени, бидејќи сервисот не бил доставен.
- Ниту нешто е снимено, ниту некој имал намера да снима, и дополнително ќе се спроведе истрага и ќе се произнесат и други надлежни институции за оваа ситуација, рече Бошњаковски.
Според Агенцијата за филм, извршената контрола во врска со доделувањето на средства за овој проект и во врска со реализацијата на проектот, констатирала сериозни пропусти.
Вонредниот инспекциски надзор во Друштвото за филмска и видео продукција „Јадран филм“ утврдил дека обврската за завршување на првата сезона од проектот - играна серија „Македонија“ воопшто не е реализирана согласно терминот утврден во договорот, односно до 4 септември 2017 година, иако на сметката на продукцијата биле префрлени 68 милиони денари од буџетот на Македонија, како прва рата од вкупно договорните 283 милиони денари, односно 4,6 милиони евра.
Владата ја задолжи Агенцијата за филм во рок од седум дена до Владата да достави информација во врска со преземените активности за проектот, согласно Законот за филмска дејност.
Според овој закон, доколку со Извештајот од извршената контрола се утврди дека доделените средства на конкурсот се користат спротивно на договорот, односно дека корисникот на средствата не се придржува на роковите и обврските утврдени во договорот, или дека филмскиот продуцент ги пренел правата од филмот и средствата добиени од Агенцијата на трети лица, директорот на Агенцијата ќе ја активира банкарската гаранција, ќе го раскине договорот и ќе донесе Решение со кое се прекинува натамошното финансирање на Проектот и со кое бара враќање на доделените средства од Агенцијата со законска затезна камата.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството