-->
-->
ОЈО истражува незаконска приватизација на земјиште во Ѓорче Петров
-->

Поради постоење на основано сомнение, Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија против повеќе инволвирани лица кои овозможиле незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина.
Како што соопшто ОЈО Скопје, на приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето.
- Со тоа е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро за метар квадратен, додека пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока, истакнуваат од Обвинителството.
За повеќе детали во врска со текот на постапката, Основното јавно обвинителство Скопје навремено ќе ја информира јавноста.
Како што МИА веќе објави, поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, заедно со уште неколку други лица, утринава беше приведен за злоупотреба на службената положба и овластувањата.
Митровски беше градоначалник на општина Ѓорче Петров од 2005 до 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани