Зошто се носи црвен конец на раката и од што штити?

Некогаш бабите на новороденчињата им врзувале црвен конец околу раката за да ги заштитат од уроци, а денеска црвениот конец не само што може да се купи во продавница, туку се продава и во златарниците. Продавачите профитираат продавајќи црвен конец дополнет со приврзок срце, потковица, ѕвезда, делфин.
Културата на носење црвен конец се објаснува со верувањето дека одвраќа лоша енергија и лоша среќа, а Евреите сметаат дека овој свет конец има заштитна улога, па некои се мотаат со кончиња донесени, наводно, од Ерусалим.
Психолозите потврдуваат дека црвениот конец има моќ, но таа моќ со нивниот речин се нарекува автосугестија и никако поинаку.
Луѓето што носат црвен конец или го носат поради суеверие или за мода. Доколку се работи за суеверие, тие лица се несигурни, кои веруваат дека некој друг може да им влијае на животот и на околностите, па бараат механизам како да се одбранат од нешто што всушност и не постои, па така со автосугестија се самоуедуваат дека се безбедни, па подобро се чувстуваат.
Врзувањето конче е чисто суеверие и во православната вера нема никакво значење. Луѓето дури имаат обичај да им го врзуваат на бебиња за да ги заштитат од уроци, но уроците се само суеверие.Исто така, луѓето веруваат дека црвениот волнен конец околу зглобот на раката штити од ревма, но и тоа е суеверие.
Ново на Сител
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
-

Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините
