-->
-->
ЖКК Бадел тргна со победа и пораз во младинската регионална лига
-->

Кадетската екипа на ЖКК Бадел (кошаркарки до 17 години) новата сезона од регионалната лига ја почна со победа и пораз на турнирот одржан во Софија, Бугарија. Во првото коло Бадел ја совлада екипата на Марибор со 74:63, а решавачки за триумфот беа втората и четвртата четвртина кога кошаркарките на Бадел примија 9 односно 8 поени. Најефикасна на дуелот беше Теона Поп Стојанова со 19 поени.
И вториот дуел од првиот турнир „баделки“ го одиграа вчера (два натпревара во ист ден) и загубија од Цеље со 88:65. Поп Стојанова беше најефикасна и на овој натпревар со 23 поени.
Бадел се наоѓа во втората група заедно со екипите на: Ловќен, Цеље, Загреб, Славија, Марибор и Рагуза.
По два одиграни натпревара Бадел е на делба од 3-5 место со екипите на Загреб и Славија. На првите две места со по две победи се наоѓаат екипите на Ловќен и Цеље.
Следниот турнир Бадел го игра на домашен терен на 26.ноември, а противнички ќе бидат екипите на Загреб и Славија, трите тима кои имаат по една победа и еден пораз на стартот од групата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
