Чичаковски: Изборите согласно Уставот, Изборниот законик и меѓународните стандарди

Државната изборна комисија (ДИК) ги спроведе Локалните избори во согласност со Уставот, Изборниот законик и позитивните прописи. Денеска имавме мирни, демократски и фер избори во кои граѓаните можеа слободно да го искористат своето избирачко право, оцени вечерва претседателот на ДИК Александар Чичаковски.
ДИК, истакна Чичаковски, при спроведувањето на овие, но и на сите претходни избори секогаш се водеше од принципите на професионалност, независност, отчестност и транпарентност.
- Притоа дававме се од нас со цел да овозможиме на граѓаните да имаат еднакво, слободно и тајно право на глас. Друг начин на работа овој состав на ДИК не познава. Овие меѓународно признати стандарди ги применувавме и при спроведување на предвремените парламентарни избори и за спроведување на Локалните избори 2017 година, наведе Чичаковски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која ги соопшти првичните резултати од вториот круг за локалните избори.
Како што информира, до ДИК, за разлика од првиот изборен круг, пристигнале мал број приговори за заштита на лично избирачко право.
- ДИК институционално ги процесуираше и сакам да истакнам карактеристика за денешниот ден е дека пристигнаа многу мал број забелешки барем за инструкции од општинските изборни комисии и од избирачките одбори од политичките партии мислам дека денеска пристигнаа само три забелешки и тоа во форма на известување, информира претседалот на ДИК.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
