Мадрид: Пуџдемон нека ни се спротивстави на избори
- Шпанската Влада денеска соопшти дека ќе го поздрави учеството на сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон на регионалните избори кои ќе се одржат во декември.
Портпаролот на Владата, Ињиго Мендес де Виго изјави дека Пуџдемон „има право“ да продолжи да се занимава со политика, а Владата, доколку тој одбие да ја напушти функцијата од која е сменет, ќе реагира „интелигентно и разумно“.
Претходно, Пуџдемон во телевизиско обраќање им упати повик на Каталонците на демократски и мирен начин да се спротивстават на одлуката на шпанската Влада да преземе директна контрола врз Каталонија по вчерашното прогласување независност во регионалниот парламент.
Шпанскиот весник „Паис“, повикувајќи се на владини извори во Мадрид, пишува дека кабинетот на премиерот Маријано Рахој „не им дава важност на ставовите на Пуџдемон бидејќи станува збор за сменет претседател на Каталонија“.
Мендес де Виго му порача на Пуџдемон „да се подготви за следните избори и доколку учествува ќе може да го спроведе тоа демократско спротивставување“.
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми