Со музика од Сибелиус одбележани 100 години од независноста на Финска
Со концерт на музика од финскиот композитор Јан Сибелиус во изведба на пијанистот Уки Оваскаинен, синоќа во Даут-пашин амам беше одбележана 100-годишнината од независноста на Финска.
Амбасадорот на Финска за Македонија Перти Иконен рече дека целта на прославувањето на јубилејот е јавноста во Македонија да се запознае со финската култура, вредностите и со општествениот живот, како и со успешната соработка меѓу нордиските земји која, рече, може да биде пример и на Балканот.
- Музиката почнува таму каде што запираат можностите на јазикот, ја цитираше Иконен мислата на познатиот композитор Сибелиус, додавајќи дека „Македонија е толку музикална, што вредностите на делото на финскиот композитор тука лесно комуницираат и целосно ги бришат и ги прават безначајни првичните јазични бариери“.
Почесниот конзул на Република Финска во Македонија Светозар Јаневски рече дека јубилејот е нов поттик за соработката меѓу двете земји и дека финското општество, културата и историјата содржат бројни искуства кои на Македонија можат да ѝ отворат нови видици, како и можности за зголемување на економската размена. Затоа, рече тој, важно е натамошното подобро меѓусебно запознавање.
Програмата за одбележување еден век од независноста на Финска е под мотото „Заедно“ и се реализира во цела 2017 година со над 2000 манифестации и настани во 70 земји во светот. Денот на независноста на Република Финска е 6 декември.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?