АХВ: Почнува есенската вакцинација на лисиците против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утре почнува со реализација на есенската кампања за вакцинација на лисиците против беснило со авионско фрлање вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и Штип.
Со техничка и финансиска поддршка од Европската унија, заклучно со 3 ноември 2017 година, на територијата на цела држава ќе бидат фрлени 500 илјади мамки. Како што потенцираат од АХВ, вакцинацијата има за цел прекинување на пренесување на вирусот на беснило од едно на друго животно и негово елиминирање од носителите, односно од таканаречените резервоари.
- Апелираме до граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа, да внимаваат и никако да не ги допираат со раце вакциналните мамки кои се со кафена боја и личат на чоколадни коцки. Во нив е сместена пластична капсула во која се наоѓа вакцината во течна состојба. Доколку сепак се случи мамката да се допре, рацете да се измијат со обилно количество вода и сапун, а доколку мамката дојде во контакт со уста, задолжително да се побара и лекарска помош, се посочува во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.
АХВ по завршување на вакцинацијата ќе спроведе контрола за проценка на успешноста и на оваа вакцинална кампања.
Оралната вакцинација на лисиците против беснило во Република Македонија почна да се спроведува во 2011 година, со по две вакцинални кампањи - пролетна и есенска.
Ново на Сител
-

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
-

Цветинова награда за мир за Доналд Трамп
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
-

Новогодишен воз на Железници Транспорт на 2, 3 и 4 јануари
-

Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети во акција на мобилен царински тим
-

Поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов - Сокол осуден на осум месеци затвор
-

Многу студена новогодишна ноќ, силен северен ветер и температури до -15 степени
-

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар
