Свет
24. October 2017 - 15:40

Во Романија казна од 2.200 евра за родителите кои не ги вакцинираат децата

Во Романија родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца треба да платат казна од 2.200 евра. Ова е според Законот за задолжително вакцинирање, усвоен од Сенатот.

Според законот, во случајот со задолжителните вакцини се претпоставува дека се дава согласност за имунизација.

Исто така, законски е одредено медиумите бесплатно да спроведат кампањи за вакцинирање.

Во изминатите месеци во Романија беа регистрирани десетици случаи на починати од морбили.