-->
-->
Изгоре автомобил во Битола, причините непознати
-->




Ноќеска околу 02.30 часот на ул. „Благојче Силјановски“ во Битола, од страна на непознат сторител, од засега непознати причини, бил предизвикан пожар на паркирано патничко возило „Рено Клио“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на М.К.Ш. (37) од Битола.
Во пожарот бил зафатен моторот, предниот капак, предно десно крило, задно десно крило, заден браник, задно десно тркало, предно ветробранско стакло, а има опожарување во предниот дел во внатрешноста под украсната маска.
Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
-

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања
