АФМ се огради од секаква одговорност за инцидентот на кружните трки во Скопје
По повод инцидентот за време на одржувањето на денешните кружни трки во Скопје, вечерва со соопштение се огласи Автомобилистичката федерација на Македонија која се огради од секаква одговорност, потенцирајќи дека трката била организирана од лица кои не се членови на АФМ.
- Автомобилистичка федерација на Македонија (АФМ) изразува длабоко жалење за учесниците во денешниот инцидент кој се случи на кружната трка во Скопје и се оградува од секаква одговорност за настанатиот инцидент на трката бидејќи беше организирана од лица кои не се членови на Федерацијата, спротивно на сите правила на Федерацијата и очигледно без задолжителни безбедносни мерки за организирање на вакви натпревари. Федерацијата укажа на сите органи кои ја подржаа вака организираната трка, вклучително и Агенцијата за млади и спорт и Министерството за внатрешни работи, кои навремено беа известени дека трката се организира спротивно на правилата на АФМ и без никакви безбедносни мерки, стои во соопштението на АФМ.
Од Автомобилистичката федерација изразија очекување во иднина, Агенцијата за млади и спорт и сите останати државни органи, како што велат, да не дозволат да се организираат натпревари од неовластени организатори, спротивно на правилата на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) чија членка е АФМ.
Денешната трка во четвртата дивизија беше прекината во 8-от круг поради излетувањето на Урош Бркиќ при што е повреден организаторот на трката и претседател на АКК Примо авј, Александар Димушевски кој е префрлен во болница.
Ново на Сител
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд