Живот
22. October 2017 - 11:37

Тажна приказна: Шимпанзото тивко умирало и одбивало луѓе – додека не се појавил човекот кој ја одгледал!

Шимпанзото со име Мама боледувало во холандската зоолошка градина од неизлечива болест и било на работ на смртта. Мама одбивала сè – луѓе, храна и пријатели, сè до доаѓањето на нејзиниот омилен професор. Тоа го покажува и ова видео кое ќе ги разнежни и најтврдите срца.

Познато е дека шимпанзата имаат слични човечки особини, како што се мозочните функции, изразите на лицата и потезите. Некои генетички истражувања дошле до заклучок дека еволуциските патишта на шимпанзата и луѓето се раздвоиле пред приближно 6 милиони години.  

Професорот Јан ван Хуф ја познавал Мама повеќе од 40 години, поточно од 1972 година и бил еден од основачите на нејзината колонија во таа зоолошка.

Мама на почетокот не го препознала, но набрзо сфатила за кого станува збор и воодушевено му се приближила на својот омилен професор. Имало смеење, радост и весела атмосфера.

Видеото е снимено во април минатата година, а Мама (59) починала една недела по емотивната средба со професорот.

Погледнете го видеото: