Промовирана публикација за мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија

Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија и нивното влијание во социјалната политика и кохезија се опфатени во новиот труд на авторката Лилјана Поповска, што денеска беше промовиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Според неа, трудот го проучува мултукултурното поврзување на разни граѓански мрежи коалиции, здружувања, иницијативи... каде граѓаните се фокусираат кон заедничка цел и кон надминување на разликите и своето потекло.
- На тој начин се постигнуваат голем број резултати меѓу кои зголемување на кохезијата во државата поради тоа што учесниците во такви здружувања делуваат како сојузници за иста кауза, истакна Поповска.
Појасни дека во книгата се посочени и истражени повеќе мултикултурни мрежи на коалиции и асоцијации кои работат на одржлив начин десеттина и повеќе години и дека е изработена студија на случаи на женското лоби.
-Во истражувањето констатирано е дека постои ограничено влијание на мултикултурното поврзување на граѓанскиот сектор поради недоволната поддршка од институциите и поради недоразбирањето на политичките актери за значењето на граѓанскиот сектор, вели Поповска.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
