Во Гостивар за еден ден против грип се вакцинирани 220 лица
Во епидемиолошкото одделение на гостиварскиот Центар за јавно здравје, на првиот ден од сeзонската имунизација на населението против грип, вакцинирани се 220 лица. Во текот на денот се очекува оваа бројка да достигне 400, информираат од одделението на Центарот за јавно здравје Гостивар.
Меѓу првите кои ја примија вакцината која штити од три типа на вирус, најбројни се граѓаните од постарата генерација и хронично болните, а има здравствени работници.
- Интересот, вообичаено е зголемен особено во првите денови. Вакцината, особено се препорачува за лицата со хронични заболувања на срцето, белите дробови, бубрезите, дијабетичари, лица со анемии и намален имунитет. Се препорачува и на оние со над 60 години како и лицата кои професионално се изложени на ризик, здравствените работници и во јавните установи. Вакцинирање на децата, може да се изведе само доколку е неопходно и по консултација со педијатар. Вакцината, засега е најефикасна превентивна мерка против грип, изјави епидемиологот прим. д-р Војислав Огњаноски.
Имунизацијата на населението од гостиварскиот регион годинава ќе се спроведе со 1.200 дози на вакцина против грип. Лани, во гостиварско беа аплицирани 1.100 дози.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија