Заев и Рама за интензивирање на економската соработка и евроатлантска интеграција на регионот

Македонскиот премиер Зоран Заев вечерва во Скопје се сретна со неговиот албански колега Еди Рама, при што беа искажани заложби за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји и за обезбедување услови за евроатлантски интеграции на целиот регион.
Како што соопшти прес-службата на македонската Влада, Рама, кој во Скопје учествува на Самит100, при средбата на премиерот Заев му честиташе за фер и демократски спроведените локални избори.
- Резултатите од изборите се ветар во грб за демократската агенда, како и поддршка на реформските политики што отвораат перспективи. Тие се победа на концептот едно општество за сите, што ги обедини граѓаните. Ќе направиме се што треба за да ја оправдаме довербата и да обезбедиме квалитетен живот за сите граѓани во Македонија, рече премиерот Заев.
Заев и Рама констатираа дека Македонија и Албанија имаат одлични политички односи, без отворени прашања и дека е тоа добра основа за интензивирање на соработката во насока на примена на европските стандарди, економска соработка, како и обезбедување услови за евроатлантски интеграции на целиот регион.
- Владата на Македонија ќе продолжи да ги развива добрососедските односи низ пријателски дух со што и натаму ќе придонесува за регионалниот развој како и со цел отворање на НАТО и ЕУ перспективите, кои се стратешки цели на државата, изјави премиерот Заев.
На средбата се разгледани можности за унапредување на економската и трговската соработка меѓу Македонија и Албанија и е оценето дека заедничкото учество на Самит 100 во Скопје е доказ за политичката волја за развој на регионалната економска соработка, за поврзување на бизнис заедниците, заеднички инвестиции, вмрежување и транспортно поврзување.
Изразено е очекување дека ЕУ ќе ги препознае и поддржи заложбите на државите од регионот за продлабочување на потребната регионална соработка и за интеграциите во ЕУ, но и за потребите на самите граѓани од регионот.
Исто така, на вечерашната средба договорено е да се интензивираат активностите за заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во најскоро време.
Ново на Сител
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
